За возрасните

little_prince_once_again____by_chrismarshall78-d814543[1]

Возрасните ги сакаат бројките.

Кога им зборувате за некој нов пријател, тие никогаш не ве прашуваат за она најважното.

Никогаш не те прашуваат: „Како звучи неговиот глас? Кои игри најмногу сака да ги игра? Собира ли пеперутки?“

Тие те прашуваат: „На која возраст е тој? Колку браќа има? Колку килограми тежи? Колку заработува неговиот татко?“

Дури тогаш сметаат дека веќе го познаваат.

Ако им кажете на возрасните: „Видов една убава куќа, изградена од розови тули,
со геранија на прозорците и со гулаби на покривот…“, тие не се во состојба да можат да ја замислат таа куќа.

Треба да им речете: „Видов една куќа која чини сто илјади франци!“

Тогаш тие ќе извикаат: „Колку убаво!“

Така, ако им кажете: „Доказ дека малиот принц постоеше, е тоа што тој беше прекрасен, што се смееше и што сакаше овца. Кога некој сака овца, тоа е доказ дека постои” – тие ќе ги свијат рамениците и ќе ве сметаат за дете!

Но, ако им речете: „Планетата од која дојде тој, е астероидот Б 612″ – тогаш тие ќе бидат задоволни и ќе ве остават на мира со прашања.

Тие се такви. Не треба да им се лутиме. Децата треба да бидат многу благи кон возрасните.

Антоан де Сент-Егзипери, од „Малиот принц“

- Реклама -