ЗА ВАЛЕНТАЈН, ПРАВАТА СПОНЗОРУША СЕ ОТКРИВА

1210Еден искомерцијализиран празник у кој замрзнатите пичиња у овие зимски деној, пак ќе бидат достапна на своите геријатриски фраери. Нивните дечковци кои одмараат од лето до лето, и кои преку зима си ги одмараат старите коски у некои бањи и приватни клиники. Фоката која лежи на јахта и која не знае да држи нож и виљушка у ресторан, пак ќе си го добие својот скапоцен поклон. Герданче, 3 дена у Банско, со скапи вечери и пијалоци, у пакет со една гумена бонбона која нема никад да биде полов орган. Минута молк за нашите курви поради кои баталивме еден наш најубав, пијандурски празник и кои како мечки од пештера ќе мора пак да излезат надвор за да го покажат својот раскошен квалитет.

Зимата е период кога курвата е најбезгласното суштество на планетата. Како немите жирафи се. Штом залади и цицката отиде натре у деколтето, умира целата филозофија на нивното постоење. Во периодот од лето до лето, дремат по дома, и ги трошат залихите заработени од нивните дечковци со вградени вилици и три стента во срцето. Свети Валентајн е само една мала екскурзија, да земат воздух и да се покажат на социјалните мрежи колку се најубави на свет. Само шо никад нема да го дознаеме фотографот на убавата фотка. Таа мистерија неможе да ја открие ниту Катица Јанева. Фотографот е веројатно некое чиче кој седи на карши неа со боца кислород во устата и потпишан тестамент под тањирот.

И што не боли кур нас останатите, колку овие фоки се сакани и какви подарици добиле од своите не-сакани? Сета таа мизерија ќе ја споделат јавно со воајерски настроената публика, ќе летаат лајкови и смајлиња, а љубоморните другарки, лицемерно ќе делат комплименти колку се најубави, кис-мвуа-срцка зрачиш од среќа, ДРАПАЈ СИ КУРОТ, оооуууу јеееее. Народот наш вели: Позади секој успешен маж, се крие успешна жена. Мојата варијанта на оваа мисла е, дека позади секоја успешна жена, лежи еден покоен старец или полужив мртовец кој дели подароци. Сите тие букети со цвеќе, срценца, ланчиња и обетки, напикајте си ги у гс.

Се сеќавам ја еднаш коа бев копиљ и коа демек во чест на Валентајн, купив златно срце за мојата тогашна девојка. Така сум чул дека треба од ,,фраерите” у маало иако не ја контав сета таа церемонија. Златното срце го пикнав у едно украсно кесиче и се думкав у себе, дали е поклонот доволно добар.
Клошарите у градов ги разгалуваат своите фоки со скапи подароци у недостаток на мушки манири и фраерлук во глаата. Тие ропаци се виновни што мустриве набија цена и шо на нормален чоек му е страв да им купи подарок. Не знаеш на кој калап се навикнати. И тогаш ми текна една генијална мисла.
Ја однесов во еден урбан локал во центарот на градот на топло вино. Orient house карши Млин Балкан,на онаа градска легенда Монси, кај шо се точеше најубавото топло вино на свет. Така добро се начукавме што она си помина најубаво а срцето златно го забораив у џебот. Среќен Валентајн драга и келнер донеси вино. Денот на вљубените ќе го славам на денот за Верата, Надежта и Љубовта секако. 14 Фебруар е само уште еден ден плус во годината за добро да се флекосаме, секако….

НАПИША:БУЛЕВАРКО

- Реклама -