Заснована на вистинска приказна од Германија, оваа прекрасна анимирана реклама раскажува за Кетрин и нејзиниот татко Јерг.
Видеото ја рекламира социјалната мрежа Airbnb, популарна во Европа и Америка. Повод за поврзувањето со оваа тема е 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид во 2014 година. И денес рекламата е една од најпознатите за последната година според американското списание Entrepreneur.
Кетрин раскажува во спотот дека пред обединувањето на Германија нејзиниот татко работел како чувар на едната страна на Берлинскиот ѕид. Иако потоа ѕидот бил урнат и земјата станала единствена, тој како секогаш да носел еден синџир, кој го држи цврсто за ѕидот кој некогаш го чувал, не можејќи да се ослободи од минатото. Одбивал да ги напушти контурите на некогашната зона. За да се промени тоа, Кетрин решила да му направи изненадување и да го поведе низ другите делови на Берлин, за да се убеди тој колку работите се промениле.
Ова е рекламата која одбравме да ви ја презентираме денес во рубриката за маркетинг, поддржана од агенцијата Via Marketing. Еве го и видеото.