За сто години никој нема да летува во Италија и Шпанија

За сто години, никој повеќе нема да се бања во Италија и Шпанија, туку туристите ќе се насочат кон Балтичкото море – во Летонија и Естонија, тврдат двајца шпански истражувачи.
Ваквата судбина се чини дека ќе ја предизвикаат климатските промени, а истата ќе ја доживеат не само споменатите две земји, туку и целиот медитерански регион, предупредуваат тие.

Според нив, туристите се повеќе ќе претпочитаат да го поминат летото во земјите во северниот дел од Европа.

Во студијата на Салвадор Бариоса и Хуан Николс, за влијанието на климатските промени на европскиот туризам, се истакнува дека од 2100 година, ќе пораснат температурите во европските земји на Медитеранот, наведуваат тие.

Прочитајте и:  Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона (ФОТО/ВИДЕО)

Шпанските истражувачи предвидуваат дека од почетокот на 22 век, приходите од туризмот во земјите околу Мексико, ќе започнат да се намалуваат за 0,45 проценти годишно, додека во земјите во северна Европа ќе пораснат за 0.32 проценти годишно.

- Реклама -