Без разлика дали вашиот дом е скромен, важно е да имате пријатен простор каде ќе можете да работите и живеете, да правите собиранки со пријателите или да организирате романтични средби.
365 со задоволство ви претставува пет прекрасни мали куќи, кои нудат сè.
Изградена со свои раце
Тим Еди и Хана Фулер одлучиле да докажат дека можат да направат пријатна селска куќа, без да потрошат многу пари. Тие купиле 20 ари земјиште сакајќи да ја изградат својата куќа од соништата со користење само на рециклирани материјали. Резултатите во прилог.
Целосна трансформација
Кога Џесика и Ијани купиле колиба од 50 метри за да живеат внатре со своите две деца, нивниот дом не бил во најдобра состојба. На старата куќа итно и било потребно реновирање. Парот одлучил да ја уреди во рустикален стил со користење само на еколошки материјали, со цел да заштедат пари.
Куќа од 8000 долари
Американскиот фотограф Стив Aрин со години патувал низ светот за да го најде совршеното место за живот. И успеал. За само шест недели и осум илјади долари тој изградил прекрасна куќа во Тајланд. Оценете го резултатот.
Куќа приколка
Брајан и Џони Базард се вечни патници. Откако започнале да живеат заедно, тие одлучиле дека нивниот дом треба да го рефлектира нивниот мобилен начин на живот. За таа цел успеале да пронајдат одлично решение: купиле приколка во област од 22 квадратни метри и ја претвориле во вистински дом.
Хобити
Сите фанови на “Господарот на прстените” дефинитивно го обожаваат овој тип на куќи за кои имаме пишувано на неколку наврати во Дом и Дизајн. Британецот Сајмон Дејл ја подигна оваа куќа за 4 месеци за само 16 илјади долари. За изградба на “дупката” биле користени само дрво и слама.