Посакувате ли некогаш да ја оставите работата и да задремете неколку минути?
Грчката компанија Studio NL може да ви помогне во овој поглед. Таа го создаде т.н. “Биро за дремки”, благодарение на кое што работниците веќе можат да задремат на работното место.
Додека еден од вработените лежи во долниот дел на бирото, друг може да работи на него – досетка што звучи како лоша комедија.
Ова го прави бирото за дремки идеално во случаите кога тим од вработени треба да остане на работното место и надвор од работното време.