За совршено лице: Чудотворна мешавина од лимон и сода бикарбона

Покрај бројните препарати кои ни се достапни во парфимериите и аптеките, не ретко се случува во целост да ги „кренеме рацете“ од било каков вид на третмани бидејќи едноставно, не знаеме што да одбереме. Ние советуваме, ништо. Пригответе си ја оваа чудотворна мешавина од лимон и сода бикарбона и уживајте во новиот блескав тен на вашата кожа.

Целиот процес изгледа вака:

1. Измијте се со млака вода.
2. На влажно лице со влажни прсти нанесете сода бикарбона.
3. Втријте ја убаво низ целото лице, а особено на критичните делови каде кожата ви е почуствителна (имате мозолчиња или црвенило).
4. Оставете содата да отстои околу 5 до 10 минути, се додека не започнете да чувствувате благо затегнување.
5. Откако ќе отстои, измијте ја со млака вода и избришете го лицето со пешкир.
6. Со сокот од лимонот кој претходно ќе го исцедите (доволно е половина лимон со средна големина), натопете памук и тапкајте го низ целото лице. На почетокот малку ќе ве пече, но тоа е сосема нормално.
7. Откако потполно ќе го нанесете лимоновиот сок на лицето, оставете добро да впие (не го мијте).
8. Кога лицето ќе се исуши и пецкањето ќе исчезне, поминете го лицето со памук натопен со бебешко масло или крема која и одговара на вашата кожа.

Најдобро би било ова да го направите навечер, за кожата да може убаво да се регенеира.

- Реклама -