За сметка од 43 долари, добила напојница од 3000

Една келнерка од ресторан во Њујорк, минатиот месец беше наградена со „бакшиш“ од 3000 долари, за сметка од само 43.50 долари. Њујорчанецот по име Мајк ги открил своите причини за ABC, но своето презиме одлучил да го сочува во тајност.

„Оваа жена не служи веќе една година. Таа е прекрасна личност, а неодмна ни раскажа дека е принудена да се пресели од нејзиниот стан“, открил тој.

Дополнителен поттик за овој чин на љубезност му била и фондацијата „ReesSpecht Life“, која ја основал неговиот професор со својата сопруга откако им се удавил нивниот 22-месечен син.

„Веќе извесно време размислувам за неговиот проект, па сакав да придонесам и јас некако за фондацијата“, изјавил Мајк.

Фондацијата функционира по принципот на плаќање однапред, а брачната двојка Спехт ја основала со цел да се заблагодари на сите кои им помогнале откако го закопале нивниот прерано починат син.

Иако фондацијата функционира на малку поинаков начин, Мајк одлучил да го одведе еден чекор подалеку, па сакал да и помогне на келнерката да ја плати киријата за нејиниот стан во Менхетен.

„На неа парите и беа навистина потребни. Чувствувам дека направив правилна одлука, бидејќи оттогаш таа е навистина среќна. Ми кажа дека и она би сакала да помага во фондацијата, и да започне да ги плаќа работите однапред“, додал мистериозниот Мајк.

konobarica-racun-napojnica

- Реклама -