За што разговараа Мицкоски и Ѓорѓиевски за време на ноќната обиколка низ Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, остварија вечерна обиколка на Скопје, по што Ѓорѓиевски најави дека во скоро ќе започне постапка за реализација на Луна Парк.

Во својата објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски даде позитивна оценка за моменталниот изглед на главниот град.

Премиерот Христијан Мицкоски во својата Фејсбук објава во врска со обиколката сподели видео на кое можеше да се слушне што разговараат со градоначалникот за време на неа.

Тој во инаку во објавата напиша дека се било чисто и средено како што доликува за Скопје.