Најновото истражување го потврди она во што се сомневавме – и милионерите се луѓе, можат да бидат несреќни и се каат за многу работи.
Во истражувањето учествувале над 2000 американски милионери, кои имале за задача да одговорат на едно единствено прашање – за што најмногу се каат во животот.
Се покажало дека воглавно сé се врти околу луѓето што ги сакаат. На прво место биле лошите односи со семејството, потоа краткото време поминато со најблиските, а на трето место е пропуштањето на некои други прилики. На четврто место е (не)грижата за здравјето, а на петто и шесто место на листата на покајанија се лошите одлуки во однос на работата, како и премногу време потрошено на градењето на кариера.
Едно е сигурно, парите не се синоним за среќа.