За што можете да ја искористите лушпата од банана?

Освен што е богата со витамини и минерали, бананата е пред се навистина вкусно овошје. Но, доколку сакате максимално да ги искористите благодетите на бананата, не ја фрлајте нејзината лушпа. Неа може да ја искористите за лекување и превенција. Еве за што:

Против вирусни брадавици

Навечер ставете мало парче од лушпата на вирусната брадавица, залепете фластер и оставете ја дејствува во текот на ноќта. Секоја вечер повторувајте ја постапката, бидејќи лушпата од банана ги суши овие брадавици.

Против убоди и иритација на кожата

Местото кое ве чеша или пак на кое имате убод истријте го со внатрешната страна на лушпата од банана. Пецкањето многу брзо ќе исчезне.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Против акни

Со внатрешната страна на лушпата тријте ги воспалените места на кожата неколку минути, односно додека лушпата не потемне.

Против хемороиди

Болното место намачкајте го со лушпата од банана. Оваа постапка повторувајте ја сѐ додека симптомите не исчезнат.

Против брчки

Подрачјето околу очите мачкајте го со внатрешната страна на лушпата од банана. Таа ја храни кожата, ја затегнува и ја прави мека, а помага и во редукција на ситните брчки.

- Реклама -