Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов, од Сопиште нагласи дека партијата активно се бори на меѓународен план за зачувување на македонскиот јазик и идентитет.
„Работиме на изградба на инфраструктура. Во текот на изминатата година, реализиравме проекти за патишта кои никогаш не биле изготвени од моментот на осамостојувањето на Македонија. Напредуваме во економијата, финансиите, локалната самоуправа и образованието“, изјави Симеонов.
Тој истакна дека за првпат по седум години, учебната година 2024/2025 обезбедила и испорачала учебници за сите ученици и по сите предмети.
„Во здравството, како што ветивме, ги укинавме неефикасните економски директори. Во моментот се реализира процесот на вработување на 600 млади специјализанти. На позитивната листа се додадени нови 9 генерички лекови. Исто така, зголемен е капитациониот бод за матичните лекари, гинеколози и стоматолози“, додаде тој.