За првпат во Америка: Бројот на нерелигозни го надмина бројот на евангелисти и католици

На анкетата наречена General Social Survey, која во САД се спроведува од 1972 година, во 2018 година за првпат најголемиот дел од Американците одговориле дека не припаѓаат на ниту една вера, т.е. се нерелигиозни. Со тоа, „неверниците“ се изедначија по бројот со католиците и евангелистите.

Според резултатите од анкетираните над 2.000 Американци, 23.1 отсто од Американците тврдат дека не припаѓаат на ниту една вера, пренесува CNN. Како католици се изјасниле 23%, а како евангелисти 22.5%.

Од резултатите и графата јасно се гледа порастот на бројот на нерелигиозни во последните декади, посебно од 1990-тите наваму. Во оваа група спаѓаат атеисти, агностици, луѓето што се самоопишуваат како спиритуални и други. Сепак, нивна најчеста заедничка особина е дека не прифаќаат организирана религија.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Што се однесува до анкетата, се спроведува со цел политичарите, научниците и законодавците да добијат генерален увид во перспективата и ставовите на американското население по одредени општествени прашања, како на пример: распределбата на буџетот, криминалот и неговото казнување, односите во заедниците, довербата во институциите, религиската припадност и сл.

 

 

- Реклама -