За прв пат влегоа камери кај Ким Џонг Ун (ВИДЕО)

При неодамнешната средба на Ким Џонг Ун и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров телевизиските камери за првпат добија прилика да влезат во резиденцијата на севернокорејскиот лидер.

До палатата во близина на Пјонгјанг, чија точна локација е непозната, новинарите биле доведени под придружба. Тие претходно мораче да ги предадат сите свои мобилни уреди.

Интересно е тоа што на снимките од доаѓањето до резиденцијата и влегувањето во самиот комплекс, на патот ни покрај него не можат да се видат ни други возила ни минувачи.

Репортерот на телевизијата Раша тудеј, и самиот малку изненаден од присуството на таинственото место и од слободата на движење во самиот објект, имал прилика да прошета по сите достапни делови на палатата и да направи ексклузивни снимки.

Самата резиденцијална зграда е уредена во минималистички стил.

- Реклама -