Долгоочекуваниот iPhone 6 веќе официјално може да биде прогласен за уредот кој држи рекорд за гласини, фотографии и шпекулации пред да дојде официјалната објава од Apple.
Интересот на фановите е поголем од кога и да е, а мерките на компанијата да се сочува тајната се разнишанија ( можеби и намерно).
Очекувањата на новиот смартфон на Apple се големи и за тоа се свесни и оние кои ќе го понудат за продажба – ова го потврдува и неочекуваното официјално пуштање реклама на iPhone 6, и тоа од страна на China Telecom, како и употребениот слоган: “Even better”.
Подобар од она што претпоставуваме или од топ моделите на конкуренцијата засега останува мистерија, но факт е дека за прв пат гледаме официјална слика за уредот од толку значаен извор.
China Telecom е еден од најголемите партнери на Apple и веројатно ќе биде одговорен за продажбата на значително количество од новиот iPhone 6 на огромниот кинески пазар. Можеби за да ги вжешти уште повеќе тензиите, Шангајскиот оддел на телеком ја има пуштено рекламата во својот официјален профил на Weibo. Набргу потоа таа била избришана, но оставена доволно долго за да биде симната и да се шири на интернет.