За прв пат, Германец е командант на Меѓународната вселенска станица

iss_gallery_med_02_960x600[1]

Германскиот космонаут Александeр Герст е назначен за командант на екипажот на Меѓународната вселенска станица, пренесува Deutsche Welle. Одлуката беше објавена во средата во германскиот центар за вселенски истражувања во Келн. Герст ќе ја заземе улогата на командант за време на вториот дел од неговата шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица, кој ќе трае од мај до ноември 2018 година.

За време на објавувањето на веста, во центарот беше и германската канцеларка Ангела Меркел, која му честиташе на космонаутот од Европската вселенска агенција (ESA) за неговото назначување. Истакна дека е радосна за одлуката и додаде дека Герст е „вистински вселенски амбасадор“.

40-годишниот Герст веќе беше во вселената. Во 2014 година тој помина 176 деноноќија во орбитата. За тоа време изврши две излегувања во отворен простор.

157506243[1]

Единаесет земји учествуваат во МВС под капата на ESA, заедно со САД, Русија, Јапонија и Канада. Астронаутот на ESA – Тим Пик моментално работи на станицата, а во ноември неговото место ќе го заземе Томас Песке.

Ова е втор пат европски астронаут да биде командант на станицата во 15-те години колку што е населена – првиот беше Френк Де Вин, во 2009-тата. Сега, во улога на директор на Европскиот центар за астронаути, изјави: „Александер покажа извонредни перформанси, висок професионализам и одлични интерактивни способности за време на неговата мисија Blue Dot. Заради овие причини, Европскиот центар за астронаути им предложи на интернационалните партнери Александер да биде командант на Вселенската станица“.

За назначувањето, самиот Герст искоментира: „Тоа сведочи за големата доверба кон Европската вселенска агенција од страна на нашите меѓународни партнери САД и Русија“.

- Реклама -