Стивен Хокинг не е само Стивен Хокинг. Дел од Стивен Хокинг е и Дикран Тахта – учителот кој ја одигра најважната улога во создавањето на едно од најголемите имиња во денешната теоретска физика. Тахта е професорот по математика кој го натера научникот да ја засака науката во детството.
За сајтот The Global Teacher Prize, по објавувањето на финалистите на конкурсот, Хокинг му упати емотивно „писмо“ со благодарност за инспирацијата што ја нашол во него:
„Благодарение на г-дин Тахта, станав професор по математика на Кембриџ, на катедрата што некогаш беше предводена од Њутн. Цел живот се обидувам да ги откријам тајните на универзумот. Секој од нас размислува што може да направи во животот, но најчесто тоа можеме да го оствариме поради учителите“, вели Хокинг.
„Сега ни се потребни учители повеќе од било кога. Должни сме да се потсетуваме колку се важни тие – сé започнува со раѓањето на љубовта – кон музиката, кон историјата. За мене, тоа беше љубовта кон науката“.
Хокинг потсети и дека не бил најдобриот студент, а и ракописот му бил лош.
„Другите професори беа досадни. Не и г-ин Тахта. Неговите предавања беа живи и забавни. На неговите часови можеше да се дискутира за сé.“
Тахта му предавал математика за време на студирањето во Сент-Олбанското училиште во Хартфордшир. Тој му помогнал да го состави и првиот компјутер.