За поубав живот: Едноставно, обидете се

Понекогаш, за да почувствувате хармонија, мир и вистинско задоволство од животот, само треба да оставите да „тече“ и да се обидете …

Обидете се една недела да одите и седите со исправен грб и ќе видите како ќе се подобри вашата меморија и колку брзо ќе почнете да ги почитувате работите.

Обидете се да подарите мисловно поубав подарок на човек кој што не ви се допаѓа, и ќе видите како тој ќе почне да се однесува подобро со вас, како и вие со него.

giftCenterPresentBow

 

Обидете се да ги исклучувате телевизорот и компјутерот за час-два пред спиење и ќе видите како ќе ве опфати творечкиот и креативен импулс.

Обидете се барем две недели да разговарате по телефон минимално и ќе ви се стори дека денот има 36 часа.

Обидете се за една или две недели да не вечерате пред да си легнете и ќе видите како ќе почнете да сонувате светли и убави сништа и ќе се разбудите свежи и подготвени за новиот ден.

hrana

 

Обидете се да не и додавате на храната сол и бибер и ќе видите дека ќе го намалите количеството на храна до 2-3 пати, ќе се чувствувате подобро, а по еден месец и ќе ослабете.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Обидете се да не пиете газирани пијалаци и сокови ,  и ќе видите колку вкусна ќе стане водата и ќе ја задоволите својата жед.

Обидете се за две недели да не пиете кафе и ќе видите колку лесно ќе заспиете и ќе спиете длабоко, ќе се ослободите од напнатоста и нервозата.

caffe1

 

 

Обидете се секој пат кога ќе посакате да земете цигара , да земете јаболко, мандарина, банана или некаков плод, може и чаша вода, и ќе видите како по две недели ќе се чувствувате посилни и свежи.

Обидете се да се насмевнете на секој човек на кого ќе посакате на улица, и ќе видите како по некое време ќе почнете да се чувствувате среќни и опуштени.

Обидете се да полежите во тревата (или снегот) , подалеку од автомобилите и градот, и ќе видите како ќе почнете да ја слушате и почитувате музиката на тишината.

- Реклама -