За поголема хигиена: Гостивар ќе добие 9 камиони за отпад, 107 контејнери и над 9.300 канти

Општина Гостивар преку донација годинава ќе обезбеди нови специјализирани возила за собирање и транспорт на отпад, контејнери и канти за одлагање на ѓубре. Со ова се очекува да се подобри јавната хигиена и да се придонесе за почиста и поздрава животна средина.

Финансиските средства за оваа намена се доделуваат преку Министерството за екологија од кредитен фонд од Европската банка за обнова и развој, во вкупна вредност од 30 милиони евра.
„Средствата се наменети за четири плански региони, меѓу кои и Полошкиот во кој спаѓа Гостивар. За Општина Гостивар одобрени се 9.321 канта за отпад од 120 литри за собирање отпад од врата на врата, 107 контејнери  од 1,1 метар кубен за можно рециклирање, 7 специјализирани камиони за собирање и транспорт на отпад со капацитет од 12 метри кубни и 2 камиони од 6 метри кубни, кои повеќе ќе се користат за гранки, зеленило и слично“, информира раководителот на општинскиот Сектор за животната средина, Зуди Џелили.
Инаку, Секторот функционира со два оддела: Одделение за заштита на животната средина и Одделение за менаџирање со отпад и заштита на природата и зеленилото.
„Комплетно екипирање на одделенијата се очекуава после изборите. Има многу порепораки од светски организации и од Министерството за екологија да се дава големо значење на животната средина, поради многу загадување на воздухот во светот и во нашата држава, неконтролирано трошење на водата, недостиг на храна и слично. Трендовите одат кон тоа да се дава значење на заштитата на животната средина, за што неопходно е да сме подготвени“, вели Џелили.
Донацијата од механизацијата и опремата за јавна хигиена се очекува да биде дистрибуирана напролет, најверојатно после изборите.
 

Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гостин: д-р Агим Јакупи

Извор