Скопје, 23 август 2021 (МИА) – Во акциска контрола на територијата на државата спроведена вчера од 15 до 20 часот, полицијата казни 648 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 78 возилa од нив се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 332 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 316 надвор од населено место.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира МВР.