Тие биле во брак половина век. Делеле се, но една работа која што жената го замолила својот сопруг да не ја отвора никогаш се наоѓала во кутија за обувки, која што ја чувала на највисоката полица во орманот.
Еден ден жена му се разболела и докторите и рекле дека не и останува уште многу. Го повикала својот маж до болничкиот кревет и му рекла да погледне што има во кутијата.
Старецот пристигнал дома и ја отворил, а внатре нашол две плетени кукли и 95.000 долари!
Веднаш побарал од сопругата објаснување:
– Пред да се венчаме мојата баба ми рече дека тајната на среќниот брак е во тоа никогаш да не се расправаме. Ми кажа секој пат кога ќе се налутам да исплетам кукла, раскажала болната жена.
Старецот бил трогнат. Во кутијата имало само две кукли. Ја бакнал жена му и ја прашал „ Но од каде толку пари?“
– Ах тоа! -рекла низ насмевка. Тоа се парите од продажбата на плетените кукли.