„Црно – сина или бело – златна?“, беше прашањето кое го погоди светот, а дури и научните објаснувања не можеа да ги разубедат луѓето.
Прашината што се подигна околу фустанот најдобро ја искористи модната куќа Roman Originals која го креираше сега веќе прочуениот фустан.
Имено, тие одлучија на радост на сите оние кои гледаа бело-златна боја да создадат ваква колекција.
Сепак, модната куќа ја искористи глобалната популарност во хуманитарни цели, па наскоро ограничената колекција ќе се продава на аукција, со цел да се соберат пари за организацијата Comic Relief.
„Фустанот што го освои интернетот може да стане еден од најбараните фустани во светот, а ексклузивната колекција на вело-златни модели ќе биде денес на аукција на е-bay“, вели портпаролот на модната куќа.
„Оние кои ќе победат на аукцијата можат да зграпчат дел од интернет историјата, како една од најексклузивните фустани во бело-златна боја“, заклучува тој.