Во Олимпиското село во Париз ќе бидат поставени 2.500 клима уреди. Бројката може да се зголеми доколку има екстремни горештини за време на Олимпијадата.
Првично, организаторите на Игрите планираа да ја напуштат употребата на клима уреди со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Куќите во Олимпиското село се изградени со технологија која ја одржувала температурата внатре за шест степени пониска од надворешната. Тие се опремени и со геотермални системи и вентилатори.
И покрај тоа, делегации од некои земји инсистираа да донесат климатизери со себе. Така, организаторите се согласиле да инсталираат клима уред, само по еден во секој апартман, за да им овозможат на спортистите комфорни услови за живот и закрепнување.
– Дадовме упатства за техничките ограничувања, особено за потрошувачката на енергија и квалитетот на опремата. Изјави заменик-градоначалникот на олимпиското село, Аугустин Тран Ван Шу.
Тој истакна дека се препорачува да нема повеќе од една клима уред по апартман.