За одисејата на Кјубрик

Одлучивме да се навратиме на ликот на мајсторот на кинематографијата Стенли Кјубрик.

Едно од најкултните филмски дела во уметноста 2001: Одисеја во вселената е снимено во 1968 година по истоимената книга на Артур Кларк. Дури и денес, 47 години подоцна, влијанието на овој филм продолжува да живее, без оглед на првичната поделба во мислењата од страна на критичарите и јавноста, кога е во прашање оваа необична научно-фантастична приказна.

Слободно можеме да констатираме дека филмот претставува пресвртница на Кјубрик и „жиг“ на препознавање. Од таа причина претставуваме неколку интересни факти во врска со прочуената Одисеја 2001, кои можеби сте ги пропуштиле.

2001-Odiseja-u-svemiru

1.Филмот поминал низ многу работни наслови, почнувајќи од  “How the Solar System Was Won” (базирајќи се на основната класика од 1962. “How the West Was Won”). Проектот во 1965 година бил пуштен со наслов “Journey Beyond the Stars”, додека исто се размислувало и за варијантите “Universe”, “Tunnel to the Stars” и “Planetfall”. Конечната верзија пристигнува 11 месеци подоцна.

2. Дел од сетот со масивна центрифугална структура во вид на ротирачка точка е дизајниран од страна на високо професионален произведувач на авиони, Викерс Армстронг, што продукцијата ја чинело неверојатни  $750.000.

3. Мислењата на познатите автори на научна фантастика биле поделени, речиси исто како и мислењето на филмските критичари. Критичари како што се Реј Бредбери и Лестер дел Реј сметале дека на филмот му недостасува хуманост, додека Исак Асимов и Самуел Р. Дилејни биле многу импресионирани.

4.Поедини теоретичари на завера се уверени дека слетувањето на Аполо на Месечината, заедно со Нил Армстронг и Олдрин е сосема лажен. Тие всушност веруваат дека снимката од Армстронг е неискористена снимка од Одисеја.

5. Кјубрик го туркал носот во речиси секој аспект од продукцијата, вклучувајќи го и дизајнот. Тој избрал голем дел од ткаенината за костимите на актерите, како и голем дел од мебелот. Неговите избори поставија трендови, а многу парчиња доживеаа популарност по премиерата на филмот.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали

Untitled-1

6. Филмот е добитник на само еден Оскар ( иако има 13 номинации), и тоа за „Најдобри специјални ефекти“, каде сите заслуги му беа препишани на Кјубрик. Ова вознемири дел од техничарите кои работеа на филмот. Инаку Кјубрик не беше присутен на церемонијата.

7. Публиката мислела дека мајмуните се вистински. Сите примати ги играат луѓе или се користени модели, освен две бебиња шимпанза.

8. Некои историчари веруваат дека на 2001 Одисеја доста влијаел документарецот на рускиот режисер Павел Клушантсев  “Road to the Stars”.

9.  Луѓето обично ја цитираат „Добро утро Дејв“, но всушност во филмот не е така.

10. Џорџ Лукас во 1997 година призна дека смета дека 2001 Одисеја е подобар филм од неговата „Војна со ѕвездите“:

„Стенли направи ултимативен научно фантастичен филм, и навистина ќе биде тешко да се појави некој со нешто подобро, барем мислам така. Од техничка страна Војна на ѕвездите може да се споредува, но за мене лично Одисеја 2001 е многу посупериорен филм“.

2001-A-Space-Odyssey

11. Според зборовите на Артур Кларк, Кјубрик сакал полиса за осигурување од компанијата  Lloyd’s of London за да се заштити од загуба во случај да биде пронајдена вонземјанска интелигенција пред пуштањето на филмот.

12. Во текот на премиерното пуштање на филмот 241 лице излегле од кино, вклучувајќи го и актерот Рок Хадсон кој си помислил „Што по ѓаволите се случува тука?“

13. За потребите на сцената на Месечината биле увезени неколку тони песок.

14.  HAL 9000 е оригинално замислен како женски лик со името Атена. Продолжението на филмот 2010: Година на првата средба (2010: The Year We Make Contact) има женска верзија SAL 9000.

15. Научниот советник на Кјубрик, Фредерик Ордвеј во една прилика откри дека Кјубрик ги уништил речиси сите реквизити од причина што не сакал на луѓето да им ја уништи илузијата за Одисеја 2001, и наводно, да не завршат во некои следни филмови.

- Реклама -