За „новоизбраниот“ унгарски премиер Орбан, Зеленски е „противник“

Будимпешта, 4 април 2022 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четврт последователен мандат на власт.

„Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници) кои требаше да ги совладаме“, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“.

„ … Левицата дома, меѓународната левица, бирократите во Брисел, парите од империјата на Сорос, меѓународните медиуми, па дури и украинскиот претседател“, оцени Орбан.

Се чини дека тој алудира на критиките од Зеленски, кој го искористи неговото вечерно обраќање за да го прекори за поддршката за рускиот претседател Владимир Путин.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

„Тој е практично единствениот во Европа кој отворено го поддржува господинот Путин“, истакна Зеленски.

„Цела Европа се обидува да ја запре војната, да го врати мирот. Тогаш зошто официјална Будимпешта е опозиција на цела Европа, на сите цивилизирани земји?“, праша Зеленски.

- Реклама -