За љубителите на вотката

Повеќе...

Знаете ли дека вотка за прв пат беше произведена во Полска пред околу 500 години? Различните видови кои денес постојат се уникатен производ од техники и вода… Ако сакате уникатен вкус, зошто да не научите како да подготвите домашна водка?


untitled.jpg

Ако сакате уникатен вкус, зошто да не научите како да направите вотка? Со некое убаво шише може да биде и одличен подарок за вашите пријатели. Кој знае, може и од обичен подарок да се претвори во добар бизнис. Па, подгответе се да научите како се прави вотка.
Основата може да биде житарици (‘рж, јачмен, пченка или пченица), грозје или компир, но водата е таа што на водката и дава единствен вкус, па затоа и ниедни две не се исти.
Методот на дестилација ја прави најсветла од сите алкохоли. Овој алкохол е основа за многу коктели повеќе од било кој друг, најмногу заради неговата способност да им даде единствен и уникатен вкус и изглед на скоро секоја комбинација. Популарноста ја добива со производството на водка со различни ароми и вкусови, и денес скоро секој од нив е достапен на пазарот.
Како што сите знаеме типично за неа е што се прави од храна која содржи скроб, односно јагленихидрати, како житариците, компирите… Значи запомнете, за да имате квалитетна вотка ви треба и квалитетна скробна храна и многу трпение. Исто така ви треба и казан за дестилација. Некои го имаат и дома, а за оние што го немаат може и сами да си направат. Се состои од четири делови, уред за загревање (на пример плински уред), комора за варење (може да послужи некој метален сад), цевки за водено ладење, и сад во кој ќе го собирате крајниот продукт.
Најважното нешто на кое треба да внимавате е чистотата. Дури и најмала честица која ќе се најде на погрешно место може да го расипе вкусот на вотката што ја подготвувате. Значи исчистете ја опремата, а за тоа може да ви послужи избелувач. Наредно што треба да направите е да ја подготвите мешавината. Сега е моментот кога треба да ги претворите јаглехидратите во алкохолни молекули. Ако сте се одлучиле за житарици, најдобро би било да ги помешате со дестилирана вода, па загревајте отприлика еден час. После еден час ставете го и квасецот и оставете така да отстои недела до две.
Третиот чекор се вика процес на дестилација. На оган варете ја сместа која сте ја оставиле да стои две недели. Ќе забележите дека алкохолот се одделува од смесата и патува низ цевките за ладење пред да дојде до садот каде што ќе ја собирате. Процесот повторете го три до пет пати , но пред секое наредно повторување внимавајте садот каде што треба да биде мешавината да биде чист. Нареден чекор кога веќе неколку пати сте го повториле процесот на варење и сте собрале доволно количество дестилат, е тој дестилат да го прочистите, а за тоа може да ви користи чиста памучна ткаенина или наједноставно прочистена вата. И веќе стигнавме до последниот чекор – финалната и пречистена водка да ја измешате со дестилирана вода во однос 3:4 за да водката биде помека и полесна за пиење.
Ако пак, сакате да додадете некој вкус, може да употребите свежи боровинки, јаготки, луто пиперче, лут корен, портокал, или пак ванила, и оставете да отстои отприлика 10 дена за водката да го освои саканиот вкус. На здравје.
- Реклама -