Агентите тврдат дека се работи за најмалата куќа во светот, нешто што никој не би се осмелил да го каже и за цената.
Објектот е приклештен помеѓу две големи куќи со тераси, во Брансбури. Најдолгата страна на објектот е долга колку една скромна дневна соба – само 5 метри!
Има само две простории – кујна и спална соба „два во еден“. Нема ни класичен тоалет, наместо тоа има „метар на метар“ соба со тоалет-шолја и туш без кабина.
За да стигнете до спалната, морате да се качите по скалите кои всушност водат над кујнските елементи, каде што се наоѓа креветот.
Па, колку чини? Верувале или не, агенцијата за недвижности ја продава по цена од 275.000 фунти, т.е. 347.000 евра! Вреди ли? Па, агентите велат дека се наоѓа во одлична средина, дека има се што една куќа треба да има и дека просторот е максимално паметно искористен. Не звучи убедливо, нели?