За мојот татко … за сите татковци!

Мојот татко кога имав …

4 години:

Мојот татко може сè! Тој е најсилниот и најпаметниот. Она што го кажува е самата вистина и никогаш не се сомневам во тоа …

5 години:

Мојот татко знае страшно многу нешта! Нема прашање на кое што не наоѓа одговор. Секогаш има трпение да ми ги објаснува комплицираните работи, за јас да го разберам…

6 години:

Мојот татко е попаметен од твојот! Ќе ти докажам…

8 години:

Мојот татко не знае сосема сè …

10 години:

Во тие толку далечни времиња, кога мојот татко бил мал, работите биле доста различни. Она што го сакаме ние сега,  никако не му е јасно.

12 години:

Логично, мојот татко не разбира ништо од овие работи. Сепак е премногу стар за да се сеќава на детството …

15 години:

Не обрнувајте внимание на мојот татко. Тој е толку старомоден …

20 години:

Господи, нека не зборува пред моите другари и другарки. Само нека молчи!

25 години:

Тато  доста се разбира од некои работи. Но, тоа е сосема логично, откако живеел толку долго …

30 години:

Можеби треба да се консултирате со тато. На крајот на краиштата, тој е човек со искуство, иако јас сум повеќе во тек со работите …

35 години:

Ништо нема да преземам, без да разговарам со тато …

40 години:

Се прашувам како ли би се справил тато? Како можев да го гледам отстрана и во умот да не ми минува дека животот е толку неискрен …

50 години:

Се би дала тато да е тука и да разговарам со него …

Те сакам, тато!

Автор: Ана Ландарс

- Реклама -