Иако за секој Ајфон официјално се соопштува датумот кога ќе стане достапен во слободна продажба, фановите се пред продавниците со денови и денови порано, чекајќи ред за да го купат.
Веќе никој не е изненаден од ваквата глетка, бидејќи минувачите ширум планетата имаат прилика да ги гледаат овие чекачи секој септември откако Епл ги претставува новите модели.
Харвард Жанг – стажист во Блумберг, објави дека првиот фан почнал да кампува пред продавницата на Епл уште на 25 август, две недели пред официјалното претставување на телефонот.
Тие пак кои немаат време или волја да седат со денови по тротоарите, а имаат пари, некогаш ангажираат и „професионални чувари на редот“, кои седат и чекаат наместо нив, а им го препуштаат местото непосредно пред отварањето на продавницата. За добро место во редот за Ајфон 7, на пример, некои плаќаат и до 3.000 долари.
Во Нов Зеланд, еден мобилен оператор реши да им ја олесни работата на чекачите, и тоа на оригинален начин: на првите сто чекачи им додели роботи кои ќе им ги чуваат местата.