За мажите што мислат дека сите женски ги сакаат

landscape-1452197600-psycho[1]

Или имаш таков другар, или ти си таквиот – мажот што мисли дека секоја женска го посакува.

Според британски Телеграф, иако овие господа изгледаат крајно убедени во својот пристап кон понежниот пол, новото истражување открива дека тие всушност се водени од внатрешна несигурност – исто како што повеќето срамежливи луѓе се скептични кон гужвите.

Според психолозите од Union College, Њујорк, мажите кои имаат навика погрешно да го толкуваат женското внимание, имаат силен страв од одбивање и постојано бараат (само)потврда. Оние на другиот крај на спектарот, пак, ги поседуваат спротивните квалитети – тие се плашат од интимност и не сакаат да се доверуваат.

За целите на истражувањето објавено во журналот Personality and Individual Differences, научниците замолиле над 500 мажи да замислат дека и го „фатиле окото“ на некоја згодна женска во ноќен клуб, која им се насмевнала. Доброволците требало да проценат колку заинтересирана би била измислената дама за нив – од „крајно незаинтересирана“ до „исклучително заинтересирана“.

girl_fans[1]

Излегува дека мажите кои имаат навика да се „залепат“ до женската, се многу повеќе склони да го преувеличат интензитетот на женското внимание, а оние кои потешко се приврзуваат – да го потценат.

„Ако гледате на себе како на флертаџија, мислите дека и другите околу вас исто се однесуваат”, објаснува Џошуа Харт, професор по психологија на Универзитетот и водечки автор на студијата.

„Мажите со ‘послаб интерес’ за интимност, пак, сметаат дека измислената жена е помалку заинтригирана. Накратко, ги гледаме работите така како што ни се сака, а не такви какви што се во реалноста”, додава тој.

Чисто да се знае.

- Реклама -