Зoшто мажите се жалат повеќе при настинка?

Една обична настинка жената ја доживува речиси незабележливо за околните, а мажот најчесто страда како тешко болен. Зошто?

Верувале или не, постои  научно објаснување на оваа тема. Мажите страдаат различно од жените и тоа има своја јасна биолошка причина, тврдат британски научници. Машкиот имунолошки систем е многу понеефикасен во борбата со инфекции од женскиот, открил тимот предводен од Рамона Скотланд од Универзитетот Квин Мери во Лондон, откако направиле неколку експерименти со глувци и стаорци.

Научниците утврдиле дека бројот на одредени бели крвни зрнца во стомакот и градите бил два пати поголем кај женските искусни животинки отколку кај мажјаците. Затоа женските се подобро вооружени против инфекции. Кај женките освен тоа, инфекцијата се развила послабо, односно болеста била полесна и оздравувањето – побрзо, пишуваат експертите во списанието „Blood”.

Истото важи и за луѓето , бидејќи станува збор за класичен дел од имунолошкиот одговор на цицачите , убедена е Рамона Скотланд. Имунолозите разликуваат во имунолошкиот систем дел кој е вроден, и таква, стекнати во животот како резултат на судирите со патогени бактерии. Сегашното истражување е насочено кон вродениот дел од имунолошкиот систем. Одредени бели крвни зрнца се наоѓаат во ткивото и во крвта и веднаш ги препознаваат агресорите. Моментално го алармираат целиот имунолошки систем и водат кон имун одговор. Има и други примери за тоа дека мажите и жените реагираат различно на инфекции , тврди имунологот и генетичар Андреас Лингелинг од Универзитетот во Единбург.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Американско истражување покажува дека жените доживуваат подобро од мажите труење на крвта, а во одредени етнички групи жените се поотпорни на туберкулоза од мажите. Ова е особено истакнато кај Кинезите. Објаснувањето за разликата во реакцијата кај половите можеби е скриена во хормоните.

„Половите хормони имаат големо влијание врз имунолошката реакција. Кај жените важен е естрогенот, иако не е јасно како точно функционира “, вели Лингелинг.

- Реклама -