ЗА МАЛИТЕ ХУМАНИ СВИРАЧИ И ГОЛЕМИТЕ ДУДЛАЧИ

CaO6dfUWIAMnKJ71

Ова е приказна за едно мало хумано детенце, кое од најмали години научило да свири по нотите свои. Малиот Јован и неговата гитара, свиреа на плоштадот во Скопје и собираа донации за малата Елена која се лекува во Америка. Песната на Јован се слушна до месечината. Песната на Јован веќе е мега-хит на сите минати и идни генерации. Еден мал а така голем потег кој Јован го отргна од обичниот просек и кој треба да го направи мала ѕвезда водилка на децата во оваа држава. Од Јован можат да научат и малите и возрасните. Неговите 9 000 денари, заработени од нотите на неговата гитара, тежат како златни пирамиди. Пари од кои едно дете со безброј желби, се одрекува од нив и реши да ги подари на едно друго дете, кое има само една желба. Да оздрави.

Јас се надевам дека малата Елена ќе оздрави а гестот на малиот Јован, ќе бидат стимул, кај нас луѓето да се разбуди хуманоста. Тогаш кога ќе се разбуди хуманоста, да се разбуди и рамката во човекот, секогаш да свири по своите ноти. Оној кој почнал да свири по туѓи ноти, ја завршува својата кариера колку и таа да трае. Ќе го мкнат по партиски собири, ќе биде декор на моќните свити и кариерата ќе ја гради во зависност од милостивоста на моќните кругови.
Мочајте им се на тие ваши кариери господа. Партиска химна и усран рефрен на партиски собири може да иде и на миксета. Се едно дали вашиот гс ќе се довлечка на бината или не. Вашиот гс домакнат на таа бина, засекогаш ќе ја заврши вашата кариера, па кога и таа да започнала.

Еден наш пеач кој победи на едно музичко шоу, беше преголемо очекување за публиката у Македонија. Ја од самиот старт го тролав и знаев дека е обичен глумец и кењатор. Додека пееше по детските концерти си викав, ај има надеж…Сака да копира некого. Кога го довлечкаа на партиски собир, се насмеав у себе. Ете, у право сум бил. Солзите на Кајмакот биле само фарса нели? Колку СМС пораки доби со гласови од својата публика? Јеби га. За малиот хуманист од скопскиот плоштад, нема да праќаме СМС пораки, Тој ќе биде мал стимул таквите пораки да ги пратиме за Елена. Нејзините солзи нема никој да ги види а се милион пати по искрени од солзите на кварниот пејач…

Јас го приметив Јован и малиот ми го стопли срцето. Вие останатите, размислете околу примерите по кои што можете да бидете забележани. Оној кој станал некое директорче, со мразење и пцуење на народот свој, така и ќе ја чува фотељата. А кога само, би ги делеле тие фотељи за примери како на малиот Јован. Веројатно сите ќе станеме подобри луѓе и ваквите примери ќе ни беа водилка во животот.
И нека бидат. Ваквите искри околу нас, колку и да се ретки, посилно ќе ни го осветлат патот од бините со рефлектори на кои лаат разни џукели.

НАПИША: БУЛЕВАРКО

- Реклама -