Македонското државјанство а не македонски идентитет и јазик е тоа што ќе добие Македонија со преспанскиот договор е заклучокот на се повеќе грчки медиуми и експерти.
Најтиражниот неделен весник Прототема пишува дека по барањата на амандманите на членовите на владејачката коалиција во македонскиот парламент, со кои се разјаснува “македонската етничка припадност” и се отфрла таканареченото” македонско малцинство, станува јасно дека Грција ќе нема проблем со признавање на македонски национален идентитет различен од грчко-македонскиот.
Според весникот кој важи за столб на умерениот грчки национализам “Договорот од Преспа е јасен, тој не дава (на Македонија) ниту етницитет ниту јазик”.
“Следејќи ги амандманите поднесени од страна на албанските пратеници во Македонија барајќи појаснување во уставен закон што е предвидено во Преспанскиот договор, дека не ја дефинира или прејудицира етничката припадност, туку само државјанството, се урива последниот Аргумент на Мицотакис дека се признава Македонската нација”, пишува влијателниот грчки весник.