Благодарение на статусите на своите корисници, Фејсбук многу добро знае кога завршуваат врските, а од тоа знаење многу добро профитира.
Со информациите за окончаните емотивни врски, Фејсбук ги упатува компаниите кои на најдобар начин ќе ги користат скршените срца на неговите корисници, преку таргетирани маркетинг кампањи. Користејќи алгоритми кои го следат однесувањето на најголемата друштвена мрежа, Фејсбук ги насочува своите добро одбрани клиенти право кон вашиот профил, за да се постигне што е можно поголема маркетингшка заработка, пишува Mashable.
Тоа не е некаква тајна, но не се случува секој ден самиот Facebook да објави информации кои укажуваат на маркетингшки значаен период по раскинувањето.
Притоа Фејсбук открива и дел од навиките на тие што тазе ги раскинале љубовните врски.
Пред сè, тазе самците не брзаат да го вратат својот статус на „сингл“. Исто така, по објавувањето на статусот, по правило следи агресивно посетување на Фејсбук. Познавачите тврдат дека три-четвртини од корисниците се зависни од друштвената интеракција со пријателите и семејството кога сакаат да го надоместат времето кое до неодамна го поминувале со „другата половина“. Значи, користењето на Фејсбук значително расте – и до четири пати повеќе – во деновите по раскинувањето на врската.
Клучното околу тоа како Фејсбук профитира од целото тоа, е што ги охрабрува компаниите со кои соработува да ги бомбардираат со реклами корисниците што се тазе оставени или ја оставиле до скоро најважната личност во нивните животи. Притоа Фејсбук ги советува компаниите да им пристапуваат на мобилните уреди, бидејќи во тој период корисниците почесто го поминуваат времето сурфајќи на интернет. Исто така, се препорачува нудење на нови искуства наместо продукти, бидејќи тие што излегле од љубовна врска сакаат да го искусат сето тоа што го пропуштиле во текот на врската.