Расте бројот на Македонци кои се иселуваат во Германија
Само во 2018 година вкупно 18.478 македонски државјани си ја побарале среќата во Германија. Од нив, 7.812 останале во земјата и во 2019 година, а 10.666 се вратиле назад во татковината.
Во однос на 2017 година, бројот на лица кои останале да работат во Германија е зголемен за 30 проценти, пренесува Дојче Веле повикувајќи се на информации од германското Биро за статистика.
Инаку, бројот на македонски државјани во Германија надминува 100.000 луѓе.
Во 2018 година, околу 260.000 Германци се отселиле од земјата, а тоа е за 11 илјади државјани повеќе во однос на претходните 12 месеци. Но, во исто време расте и бројот на повратници кои се вратиле во Германија.
Податоците на бирото за статистика покажуваат дека интензивниот раст на бројот на доселеници од Македонија започнува во 2011 година кога во Германија пристигнале околу 5.679 имигранти, но останале само 495. Најголем раст е забележан во 2015 година кога во “ветената земја“ пристигнале речиси 25 илјади доселеници од Македонија.