За Еди Рама, водопадите на Лешница во Македонија се дел од „прекрасната Албанија“

„Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница“, напиша премиерот на Албанија – Еди Рама, додавајќи албанско знаменце и срценцен, притоа споделувајќи фотографија од водопад на Кривошијска река, која се наоѓа во Македонија.

Кривошијска Река е кратка (3.5 km) десна притока на реката Пена во еден од најубавите предели на Шар Планина, познат како Лешница. Тече од југ кон север, а нејзиното извориште е на 2.200 до 2.300 m надморска височина во циркот Кривошија, западно од Титов Врв (2.747 m). Во Пена се влева на надморска височина од 1.500 m, што значи дека на така кратка должина има огромен пад од дури 700 метри.

Првиот покарактеристичен водопад, наречен Кривошијски водопад или Горно Цкало, се наоѓа на околу 1 километар низводно од извориштето, а тука некаде реката го формира и големиот Кривошијски слап (Долно Цкало), составен од вкупно 6 водопади, на надморска височина помеѓу 1.550 и 1.600 метри (повеќе ТУКА).

Објавата на Рама многумина ја сфатија како пpoвокација, па истата нанижа многу реакции на социјалните мрежи. Дел од коментарите повикуваат на реакција од македонското МНР за ваквото „присвојување“ на албанскиот премиер.

- Реклама -