За долг од 2000 динари во Југославија, денес треба да плати 2000 евра

Миле Ангеловски 27 години има застарен долг од 2 илјади динари. Како што тврди, долгот бил направен уште во времето на старата држава, односно Југославија кога се работело со чекови и кога се уште се плаќало со динари.

Известувањето за наплата на долгот го добил во 2017-та година со пресметана камата. Со камата долгот пораснал на 120 илјади денари. Решението од судот за наплата од долгот, Ангеловски тврди дека го нема, односно дека никогаш не го добил. Ниту самиот не се сеќава како е направен долгот, односно зошто два чека останале непокриени.

„Од 91-година, во 2017-та година доаѓа извршно решение, за 2 илјади денари, за два чека во Југославија, во динари, 2000 динари, ми доаѓа сума 120 илјади денари. 27 години, тогаш се испуштени се два чека можеби од мењање на држава, нешто ми е останато долг од 2 илјади динари“, вели Миле Ангеловски.

Истиот проблем го имаат и десетици други граѓани кои се собраа пред Собранието. Бараат од пратениците да донесат закон за кои ќе има решение за застарените долгови.

„Македонска банка веќе 15 години е затворена, ништо немам добиено ни усмено, ниту писмено, наеднаш не дадоа на извршители. Никаква опомена, а треба да се опомене рабодникот или известување да се даде. Ние сме сиромашни ама како и да е ќе го пчатевме долгот а не сега 90 илјади да се платат а пензијата ми је девет илјади“, изјави граѓанка.

Целата сторија проследете ја на ТВ21

- Реклама -