Како секое друго нешто, така и кожата на лицето ги бара нашето внимание и топла грижа.
Затоа, еве неколку испробани Бабини рецепти:
Средство против митесери: по чистење, измијте го лицето со парче сиров компир.
Акните нема да „цутат”, ако ги намачкате со масло од мајчина душица. Повторете ја постапката 2-3 пати на ден. Внимание: Не го третирајте пределот околу очите!
Проблемите на кожата ќе исчезнат побрзо, ако втриете малку сок од лимон или свежо чешне лук.
Еден стар рецепт на австралиските Абориџини: нанесете директно на мозолчињата малку масло од чајно дрво – тоа има силен дезифекцирачки ефект.