На 18-ти овој месец миленикот на нежната половина од човештвото Бред Пит наполни 50 години. И додека се прашуваме како може да изгледа вака на таа возраст, решивме да ви претставиме неколку интересни факти од неговиот живот.
Вистинското име на холивудската ѕвезда е Вилијам Бредли Пит и е роден на 18 декември 1963 година во Оклахома.
Мајка му е учителка, а татко му поседува фирма за зеленчук.
Бред Пит има брат – Даг, и сестра – Џули, кои се помали од него.
Неговите први улоги се во телевизијата – Сапунската опера „Друг свет” и серијата „Далас”.
Бит е резерва на Били Болдвин за улогата на Џеј Ди во „Телма и Луиз”,
Неговиот хонорар за „Телма и Луиз ” изнесувал 6 илјади долари, а за „Боречки клуб “- 30 милиони.
Во 1995 ја одбива улогата на астронаут во „Аполо 13″, за да учествува во „Седум”.
Ја скршил раката на сетот на „Седум” и последователно тоа е вклучено во сценариото.
На снимањето на „Боречки клуб” пак, крши заб, кој за да се добие на автентичност го поправа по завршувањето на снимањето.
По неговата улога во „Седум години во Тибет” во 1997 добива забрана да ја посетува Кина, бидејќи се залагал за тибетските монаси.
Два пати е избиран за најсекси маж на годината.
Во 2004 година ги остава цигарите, но продолжува да пали кога е под притисок.
Признава дека за време на бракот со Џенифер Анистон пушел трева.
Има страв го е од змии и пајаци.
Има пет кучиња – Бланко, Си Си Рајдер, Пурда, Сауди и Тод Потер.