Youtube објави дека корисниците на нивната мобилна апликација ќе можат да симнат видео за гледање додека се офлајн.
Повеќе детали не се откриени освен дека тоа ќе се овозможи од ноември и дека ќе овозможува преглед на видеата за краток период, кој сеуште не е дефиниран, но најверојатно ќе е доволен за да не Ве спречи да уживате во видео содржините поради недостаток на Интернет на патот до работа.
Оваа објава ги следеше неколкуте новини кои YouTube ги направи во последно време за мобилните апликации, иако точните детали за тоа како ќе функционира сеуште не ги знаеме. Најверојатно за креаторите на видеата ќе им биде дадена можноста да означат дали офлајн гледањето на нивните видеа ќе биде овозможено.
Колку Вие користите YouTube на патот до работа/факултет/училиште? Дали оваа новина ќе промени нешто во тоа?
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk