„YouTube“ на своите премиум корисници им носи неколку нови алати со кои може „да си играат“, иако и натаму не со полн капацитет бидејќи станува збор за експериментална фаза. Како што е детално наведено во официјалната објава на блогот „YouTube“, компанијата почнала да тестира нови функции за „Premium“ членовите, вклучувајќи можност за конверзација со помош на вештачка интелигенција интегрирана во платформата.
Како што е наведено, „AI“ може да одговара на прашања на корисниците, да предложува сродна содржина и уште многу работи со помош на новите опции. Во идеален случај, прашањата би требало да ги поставувате во врска со видео-снимката што ја гледате, а ќе имате и неколку однапред предложени снимки.
Другата можност која се тестира вклучува резимирање од страна на „AI“. Иако е повеќе планирана за креатори на содржини, „YouTube“ вели дека може да резимира делови од подолги видеа и тематски организирани целини.
Од „YouTube“ велат дека функцијата „Прашај“ ќе работи само за корисници кои имаат 18 или повеќе години во „Android“ апликацијата. Тестот ќе трае до 15-ти декември, а бројот на места е ограничен.
Сега кога постои оваа опција, што би го прашале вие „YouTube“.
Извор: b92.net