Подолго време трае голготата на корисниците на Windows Phone кои никако не може да добијат квалитетен YouTube сервис за своите смартфони. Google неодамна лансираше нова верзија на апликацијата YouTube за Windows, но и овој пат корисниците се разочарани.
По само краток период апликацијата на YouTube за Windows е целосно нефункционална откако голем број на корисници на Nokia ja добиле оваа разочарувачка порака: „Something happened and we’re not sure what“.
Веќе станува клише борбата меѓу Microsoft и Google кои никако не можат да го надминат годишното непријателство, а на крајот најголемата штета ја трпат самите корисници. Дали се работи за нова саботажа на Google или пак грешка во софтверскиот тим на Microsoft треба допрва да се утврди.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk