YouTube им дозволува на корисниците да создадат видео од 3 секунди за да се претстават во својот канал

Google претстави нова функција на YouTube кои на создавачите на видеа, ќе им овозможи да создадат видео од 3 секунди во  кое ќе се претстават себе си и својот канал, пред да започат да ставаат свои видеа на него.

За да ја пробате новата функција, вие ќе треба да прикачите видео кое не се наоѓа на било која листа, да изберете “Add a channel branding intro” на InVideo Programming Page и потоа да изберете кое видео ќе го пуштите.

YouTube

Интересно е да се спомене дека Google нема да дозволи овие видеа да бидат користени како реклами, спонзорирани видеа или претставување на производи.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -