YouTube видеата се супер, но често коментарите под нив знаат да не разочараат. Затоа, исто како и со Blogger, YouTube коментарите ги префрла на Google+. Ова секаго е опционална и од корисниците ќе биде побарано да ги поврзат своите канали со Google+. Еве како ќе изгледаат.
Ќе има можност за приватно или јавно коментирање. Исто како и кај Gmail, одговорите се подредени за лесно да следите што се дискутира.
Подобар начин за модерирање на коментарите пред и откако ќе бидат објавени. Можно е блокирање на одредени зборови или можност за автоматско одобрување за коментарите кои се од некои личности.
Промените почнуваат оваа недела, а до крајот на годината коментарите преку Google+ ќе ги има на сите видеа. За тие што сеуште немаат Google+ профил или страница, проверете овде за насоки или овде за повеќе информации.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk