Xiaomi се надеваат дека нивниот прв таблет ќе го добие вниманието кое го заслужува, обидувајќи се да ве воодушеви без да биде премногу тешко да погодите од кого копираат овој пат.
Понекогаш познати и како кинеските Apple, пристапот на дизајн на Xiaomi не е ослободен од контроверзии, но нивните уреди имаат солидна подлога.
Таблетот Xiaomi Mi Pad 7.9, на прв поглед, е евтина верзија на Apple iPad mini 2. Го има истиот 7.9 инчен екран, истата 1536 x 2048 резолуција и MIUI изглед и делува повеќе на iOS отколку на Android, на кое е и основано. Дизајнот е речиси идентичен, иако не можеле сосема да го совпаднат тенкиот профил. Направен е од сјајна пластика, таблетот Mi Pad 7.9 изгледа на добар микс на iPad и iPhone 5c.
Со копирачкиот дизајн на Apple и MIUI скин за Android 4.4.4 KitKat, изгледајќи како прилично убеднив клон на iOS веројантно претпоставувате кон каде оди ова. Но, Xiaomi им докажа на луѓето дека грешат, и дека имаат некои спецификации кои со сигурност ќе ве импресионираат. Ова е првиот комерцијално достапен уред кој се напојува со Nvidia’s Tegra K1 чипсет, комбинирајќи quad-core Cortex-A15 процесор и 192-core GPU графичка за гејминг.
Ова се неговите клучни карактеристики:
7.9″ 1536 x 2048 IPS LCD од 324ppi, Gorilla Glass 3
Nvidia Tegra K1 chipset, 2GB од RAM
Quad-core 2.2GHz Cortex-A15 процесор
ULP GeForce Kepler GPU со 192 јадра
Android 4.4.4 со MIUI персонализации
8MP задна и 5MP предна камера
Стерео звучници
MicroSD card
6,700mAh батерија
Конкурентна цена
Главни недостатоци:
Нема мобилна верзија
Изработен од пластика
Се продава исклучиво на интернет