Xbox One ќе биде во масовно производство со 150 MHz CPU зголемување на брзината

На само неколку месеци од лансирањето на Xbox One, директорот на Xbox, Јусуф Мехди, откри дека конзолата ќе добие зголемување на својата процесорска брзина благодарејќи на напорната работа на Xbox инженерскиот тим.

Зголемување на брзината е за 150 MHz, односно од првично најавените 1.6 GHz на 1.75 GHz. Оваа вест следи по неодамна најавеното подобрување на графичкиот процесор на 853 MHz од претходните 800 MHz. Сепак и покрај последните подобрувања на конзолата, истата заостанува во повеќе облати зад својот конкурент PlayStation 4.

Конзолата на Microsoft и понатаму ќе користи 8 GB DDR3 RAM.

Сеуште не се знае кога конзолата ќе биде пуштена во продажба, иако кружат шпекулации дека истата ќе се појави во продажба во ноември.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.mk

- Реклама -