Вчера вечерта публиката имаше можност да ужива (или не) во најпопуларната шоу програма во моментов „ X faktor“, чија што тема овој пат беше домашна музика.
Најтешкиот дел од шоуто беше тоа што на двобој останаа H2O (Фифи и Маринела), како и Александра, која се врати претходната недела, благодарение на публиката.
За жал, со гласови 3:1 Фифи и Маринела ги спакуваа куферите, па од се среце им посакуваме блескава кариера во иднина.
Во продолжение погледнете ја изведбата што ја спаси Александра
Воглавно вчерашната шоу програма течеше глатко. Исклучок беше почетокот кога бендот „Доктори“ имаа огромен проблем со матрицата, но подоцна ја повторија песната уште еднаш и го дадоа својот максимум, а истото го потврдија гласовите на публиката.
Катарина од 4U се нашали на своја сметка
Социјалните мрежи се преполни со коментари дека блондинката Катарина од бендот 4U воопшто не пее и постојано се провлекува.
Во Бекстејџот таа се нашали на своја сметка и рече:
– Јас не стигам да фалширам.
Ана зарем не доби отказ?
Кога сме веќе кај шегите интересно беше тоа што и жири комисијата се пошали на сметка на „мистериозното исчезнување на водителот“: Ана, како си, не доби отказ?
Кандидатите не се снајдоа лошо пеејќи на нивниот мајчин јазик. Иако повремено бевме сведоци на неколку фалшови или несоодветни песни (ПРЕМНОГУ балади), очигледна беше подготвеноста која ја имаат се повеќе од емисија во емисија, иако веќе неколку квалитетни пејачи го напутија шоуто, за разлика од неколкумина кои веќе требаше да ги „спакуваат куфеите“.
Даниел, опасен си!
Како и да е интересно беше за прв пат да го видиме нашиот Даниел Кајмакоски, како настапува на македонски јазик со песната „Сонце не ме грее“. После изведбата следуваа одлични коментари од страна на жири комисијата.
Кристина: Жељко дали овде имаме потенцијален победник? ( Ова беше провокација поради првата емисија, бидејќи кога Кристина кажа „Мислам дека овде имаме потенцијален победник“, Жељко беше скептичен говорејќи дека е рано да се зборува, дека настапија и пред него одлични кандидати).
Кики: Ми се допаѓа песната, допро отпеано
Емина: Опасен си, најопасен си. Ми замеруваат твитерашите дека користам феноменално, епа „растури“!
Жељко: најпосле пееше песна на МАЈЧИН јазик, еве се извинувам за минатата емисија. Даниел е голема ѕвезда во Македонија, да знаете. не го коментирам твоето пеење, веќе станува глупаво.
Дури и Влатко Лозановски се огласи со изјава кон Даниел: „Браво царе! Ја испеа песната фантастично и на свој начин“.
Слушнете ја неговата изведба
Неизбежно е да се искоментира и сексипилниот настап на преубавата Александра Секулиќ. Таа беше критикувана за своите вокални способности, но сега веќе докажа дека не само што изгледа одлично, владее со сцената, туку и има потенцијал да пее сосема солидно.
Емина: Беше фантастична, мислам дека машкиот дел од публиката го доби она што го бара на X faktor, беше супер секси.
Жељко доби засилување
Откако во неговата група остана само Даниел тој доби уште еден кандидат. Се врати талентираниот Маид Хечимовиќ, кој по вчерашниот настап најави дека заслужува да биде на големата сцена.
До следната гала
Вашата Трачарка