По негативните коментари во јавноста на сметка на Славко Калезиќ, продукцијата на „Икс Фактор“ одлучи новиот водител на ова шоу да биде Ана Михајловски, додека црногорецот во вторникот вечерта го следеше шоуто од бекстејџ.Тој тврди дека Ана во емисијата покажала колку е тој подобар од неа.
– Неизмерна радост е што го покажав својот талент. Покажав колку ми е дојдено до приказната „ X faktor“. Непроценливо е да бидете покрај овие фантастични кандидати, веќе мои пријатели. И благодарам на „МБК продукцијата“ што стои зад мене и што верува во мојот талент. Што се однесува до Ана мислам дека покажа колку моето водење на шоуто беше вонсериско, а не неа секако и честитам и и поаскувам многу среќа. Јас во секој момент ќе останам покрај моите драги луѓе од X faktor. Мојата публика ја очекува изненадување кое го подготвувам со поддршка од продукцијата, вели Славко.
Непосредно пред почетокот на емисијата Калезиќ ги информирал своите фанови на Фејсбук дека нема да го води шоуто, бидејќи како што призна, не ги исполнил критериумите на Тв Пинк.
Драги мои, вечерва нема да ме гледате како водител, бидејќи не сум ги задоволил критериумите на Тв Пинк. Оваа прилика сакам да и посакам среќа на новата домаќинка. Меѓутоа, уметничко изненадување следува од мене и тоа наскоро. Ве сакам сите, напиша Славко на социјалната мрежа.