Oткако започна да се шпекулира за тоа кој ќе се најде на фотелјите на жири-комисијата во втората сезона на „X Factor“, продолжуваме со изборот за водител на шоуто.
Овој пат ќе се работи за водителска двојка, и тоа српскиот водител Иван Ивановиќ и хрватската водителка Антонија Блаќе.
Ланската сезона започна да ја води Славко (еден од натпреварувачите), а истото заврши со замена после првата епизода. На негово место дојде згодната Ана Михајловски Грубин, па следуваа низа скандали и караници меѓу нив, во кои Ана извои победа, со тоа што остана водителка до самиот крај.
Сепак и неа ја снајде истата судбина, па ако Славко остана запаметен по една епизода, на Грубин и остана зад себе една сезона од ова шоу.
Се зборува дека Ана била многу разочарана и бесна од одлуката, со оглед на тоа што верува дека добро си ја завршила работата.