X Factor: Сите настапи од четвртата гала

Вчера се случуваше уште една live програма на X factor.

Oвој пат шоуто го напушти прекрасната Александра Секулиќ, откако остана во двобој со истоименичката од нејзината група, Александра Брковиќ.

Што се однесува до целовкупната шоу програма, публиката имаше можност убаво да се забавува во солидни настапи, пријатна атмосфера и по некои несогласувања меѓу судиите.

Даниел ја отвори вечерта

Еден од фавиоритите Даниел Кајмакоски ја отвори вечерта, изведувајќи ја песната „Counting Stars” на One Republic. Жељко рече дека Даниел и сам може да направи концерт во Македонија.

Тој од менторите доби само пофалби.

„Одличен избор на песна, ова е стилот на музика кој ти треба да го пееш, современа поп музика“, му рече Кристина Ковач.

Александра Брковиќ се жалеше како за неа пишувало се по медиумите (очигледно за трачот дека постојано пие алкохол), но очигледно не е свесна дека тоа е цената која се плаќа кога си дел од естрадата. Овој пат таа се претстави со микс од две песни „Zbog tebe“ и „Тek je 12 sati“.

Сепак погледнете ја изведбата од двобојот и настапот кој што ја спаси.

Алекса Перовиќ наиде на одлични коментари од страна на жирито, кога пред неколку емисии испеа песна на шпански, па и овој пат се определи за тој јазик, што е сигурно – сигурно е. Тој ја испеа песната “Bailamos” од Енрике Инглезијас.

„Мајсторе, беше добар и ти лежи овој стил. Супер се снаоѓаш“, му рече Жељко.

Машкиот бенд „Доктори“ ја пееја песната Happy oд  Pharrel Williamsa. Ова беше еден од најдобрите настапи вчера.

„ Порано ве критикуваа дека не пеете сите, а сега докажавте дека сите вие сте исклучителни пејачи“, им рече Кики.

Има имаше технички проблеми и тоа големи… Сепак, добро се снајде со песната Нисам Анџео на Марија Шерифовиќ. Погледнете!

Mаид Хачимовиќ беше беспрекорен при својот настап. Неговиот моќен вокал не може лесно да се заборави…

„Кога ти пееш јас се чувствувам сигурно“, му рече Јоксимовиќ

Групата 4You настапија со песната на Lana Del Ray – Summertime Sadness. Откако Кристина во најавата рече дека не е лесно да се работи со девојки, тие додадоа дека се работи за 5 пмс заедно. Важно, настапот беше супер.

Лукијан го подели жирито

Лукијан Ивановиќ по изведбата на Тропико бенд воодушеви многумина, а богами и изненади. Се уште не се снаоѓа во светот на естрадата и го бунат прашањата на новинарите, но полека, има време. Вчера тој пееше „Love me Again“.

Харис ги скара Жељко и Кристина!

Повредениот Харис настапи со скршен прст и без кореографија, пеејќи ја Sve je laž oд Дино Мерлин. Откако Жељко го поздрави со пофални зборови, на Кристина не и се веруваше дека тоа се случува. таа упати критика дека Харис е фантастичен вокал, а на сите програми во живо до сега не испеал песна која ќе ги покаже неговите вистински способности.

Последна настапи Тамара Милановиќ со песната „Jar od Hearts“ во свој стил.

„Ова беше твојот најдобар настап, беше фантастична како да сум во некој театар, како да гледам видео спот. Одлично!

Според вас кој испеа најдобро овој вторник?

До следната гала

Вашата Трачарка 🙂

 

- Реклама -